![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Популарната југословенска пејачка на народна музика Силвана Арменулиќ почина на овој ден во далечната 1976 година. Во страотната сообраќајка на патот Белград – Ниш, на враќање од концерт, загина и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ која била бремена, како и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека нејзината друга сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ за влакно ја избегнала смртта.
Приказната за Силвана, 45 години подоцна, е повторно актуелна преку филмот посветен на пејачот Тома Здравковиќ, во која се загатнува дека двајцата биле во љубовна врска и дека Тома бил вљубен во неа.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
На социјалните мрежи по повод нејзината смрт се појави стара фотографија од стравичната несреќа на која се гледа дека автомобилот во кој се возела пејачката и нејзините сестри и колега е целосно смачкан. Силвана имаше 37 години кога згасна нејзиниот живот. Автомобилот удрил во камион.
Според реконструкцијата на несреќата, на прав пат “фордот“ се движел со брзина од околу 150 км/час и наеднаш почнал да преминува во левата, спротивна лента од коловозот и се судрил со камион. При несреќата десната страна од фордот е целосна смачкана.
Во приватниот живот Силвана била мажена за познатиот југословенски тенисер Радмило Арменулиќ, со кого имала ќерка Гордана, која сега има 57 години.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
„Се враќаше од Александровац и во еден момент ја заболела главата. Пеела таму во една кафеана и удрила со глава во некој шилец, па со Миодраг Јашаревиќ се сменила во Колари и тој возел. Дали паднал во дијабетна кома или заспал, што точно се случило не се знае уште. Тој инаку не возеше брзо, но во таква состојба стиснал на гасот и директно удриле во камион. На местото загинаа тој, Силвана, нејзината сестра Мирјана која беше бремена, раскажа Арменулиќ во една прилика.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)