Телото на постар маж беше пронајдено околу 10 часот наутро во селото Лукавица кај Тутин во југозападна Србија, а како што неофицијално е познато, се работи за Насуф Селмановиќ, наставник по физика по кој се трагаше четири дена, јавуваат српските медиуми.
Денеска во потрагата се вклучија полицајци од полициската управа во Нови Пазар, пожарникари и спасувачи, како и голем број граѓани.
– Обесеното тело на наставникот го пронајде еден од неколкуте полицајци кои учествуваа во потрагата. Телото е пренесено на судска медицина, а полицијата спроведе истрага. Се претпоставува дека станува збор за само у*иство, но сите детали за трагедијата ќе бидат познати подоцна, рекол извор запознат со случајот.
Семејството и пријателите, како и полицијата го бараа наставникот четири дена. На ниту еден од нив не му паднало на памет дека може да се случи вакво нешто.
– Наставникот беше омилен во Тутин. Тој никому не кажа грд збор. Тој ден рече дека оди на прошетка, тоа го правеше редовно. Подоцна, неговиот телефон беше недостапен, изјави претходно пријател на семејството на наставникот.
Според неофицијални информации, никому не му е јасно зошто наставникот одлучил вакаа да заврши. Засега не е познато дали тој оставил проштално писмо.