Еден од нашите најдобри пливачи, Александар Маленко по се изгледа ќе го прогласиме и за човек со најмногу бракови позади себе.
Неговата избраничка е исто така поренешна пливачка, а нејзиното име е Метка Спаравец од Словенија.
Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двацата на социјалните мрежи. Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца.
Инаку ова е петти брак на Александар Маленко. Последно беше женет за охриѓанката Фанка, со која беше во брак од 2012 година.
Метка има 42 години и е родена во Марибор. Во 1999 година беше прогласена за спортистка на годината во својата земја. Нејзиниот профил на „Инстаграм“ е затворен за јавноста, но стои напишано дека е мајка на четири деца, тренер по пливање и фитнес-тренер и дека црно-белата е нејзина боја.
Александар Маленко од претходните четири брака има пет деца. Од бракот со водителката и пејачка Сузана Турунџиева ја има единствената ќерка Лора. Со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, го има синот Ахил. По третпат се ожени со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова и со неа има син. Два сина има и со последната сопруга која воопшто не ја експонираше во јавноста.