Александра Атениту (32) од Лондон, скришно дневно внесувала, како што самата израчунала, околу 3.000 калории. Покрај тие тајни оброци, на мажот му велела дека не јадела ништо цел ден, со цел тој да порача некоја брзa храна.

Со тоа темпо, Александра за брзо дошла до тежина од 110 милограми.

-Денот го започнував со јадење уште при патувањето кон работното место, јаде кроасан на пат до работа. Во канцеларија секој ден имаме доручек. Потоа јадев предпладневна ужина, потоа за ручек излегував по сендвич, а покрај тоа купував и грицки. Кога се враќав дома, на мојот сопруг Мајкл му кажував дека не сим стигнала да јадам ништо за да нарачаме некоја брза храна. Јадев постојано, од своето детсво- јадев кога бев таѓна, кога бев уморна, кога ми беше досадно, кога бев под стрес, кога бев среќна, секогаш посегнував по храната, вели Александра, мајка на две деца.

Токму децата и помогнале да сфати дека нешто мора да промени.

-Забекежав дека истовремено сум најмлада и најдебела мајка на игралиштето. Сите мислеа дека сум им дадилка, никој не можеше да поверува дека сум им мајка. Покрај тоа, не можев со децата да си играм на подот, бидејќи после тоа не можев да станам. Се превртував додека тие „умираа“ од смеење, а јас од непријатност, па така на крајот престанав воопшто на тој начин да си играм со нив, вели Александра.

Александра пред и после

Барајќи решение, таа се решила да направи операција за намалување на желудникот. Операцијата ја направила на 24-ти октомври минатата година.

Веќе после 6 месеци, Александра дошла на тежина на која е и денеска- феноменални 75 килограми.

-Децата ми беа најголема мотивација. Сакав не само да си играм со нив, туку и да ги поштедам од потсмевање од страна на врсниците кои се шегуваат со нив поради дебелата мајка. Трансгормацијата е неверојатна, до тој степен да одредени пријатели поминуваат покрај мене и не ме препознаваат, вели таа и додава дека сега има проблем со вишокот на кожа и планира да го реши и овој проблем со операција.

-Потполно го променив начинот на живот. Вежбам, трчам, за доручек јадам јогурт или шејк, за ручек пилешко или морски плодови, а за вечера кајгана. Сега дневно внесувам околу 1.000 калории, вели Александра.