Австрискиот репрезентативец, Марко Арнаутовиќ се најде во центарот на вниманието откако во вчерашната победа против Македонија вербално го навреди Џани Алиоски.
Арнаутовиќ веднаш беше обвинет за расистички навреди кон нашиот репрезентативец, а некои организации побараа од УЕФА да му забрани понатамошен настап на првенството.
Контроверзниот напаѓач по целиот инцидент, во текот на денешниот ден се огласи на социјалните мрежи со порака во која вели дека не е расист, а истата на крајот завршува со извинување на македонски и на албански јазик.
– Имаше некои лоши зборови вчера искажани во „жарот“ на натпреварот и за нив сакам да им се извинам посебно на моите пријатело од Македонија и Албанија. Сакам јасно да кажам една работа: Не сум расист. Имам пријатели во речиси секоја земја и се залагам за различностите. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете, -напиша Арнаутовиќ.