На три дена пред второто коло во нашата група на ЕВРО 2020, односно пред мечот помеѓу Македонија и Украина, почнуваат психолошките игри помеѓу фудбалските стручњаци, меѓу кои прв почна украинскиот тренер, Олександр Севидов, кој работи како аналитичар за медиумите од оваа земја.
Тој во пресрет на најважниот дуел за двете селекции во групната фаза од континенталниот собир ептен ги потцени жолто-црвените.
„Украина не заслужува втора фаза ако не ја победи Македонија. Македонците одиграа примитивно на отворањето, но и Австријците не беа ништо подобри. Поради нивното незнаење ќе ни биде тешко, бидејќи за класа сме подобри од нив. Ако не ги победиме тогаш да се утепаме, односно не заслужуваме пласман во осминафиналето“, изјави Севдов.
Украинско-македонската војна за задржување на шансите за вториот круг ќе се одигра в четврток (15 часот) во Букурешт.