Атрактивна, висока, згодна, со долги нозе и тело вретено, кадрава коса налик на грива, насмевка што шармира и поглед што опива… И уште сто други атрибути во вид на комплименти би можеле да и припишеме на доскорешната ТВ водителка и модел Ведрана Ѓорѓевиќ, која 2023-та година ја привршува со големи промени.

Имено, по успешниот престој на „Златниот тепих“ како ТВ партнерка на нејзиниот колега, водителот Миро Кацаров, зеленооката убавица ја заврши дружбата и со него и со ТВ гледачите и замина од ТВ екраните.

Конечно или само привремено ќе покаже времето, а она што сега го работи е одновоповрзано со медиумите и јавноста, но на малку поинаков начин… Преку медиа маркетингот и социјалните мрежи.

Имено, Ведрана го споила приватното со професионалното, па со своето момче Андрија кој е ДЈ и по потекло од Србија, а со кое и неформално и живее, сега ја работат сопствената медиа продукциска компанија „VA_dventure“, веројатно истата насловена по првите букви од нивните имиња.

„Сега главниот фокус ми е снимање на реклами, имам и сопствена продукција и постпродукција va_dventure е нашиот официјален профил на Инстаграм кога можете посетете го истиот и видете со што се занимавам“ – ќе изјави убавата водителка уште при напуштањето на „Златниот тепих“.

Деновиве, Ведрана Ѓорѓевиќ таканареченото „циганско лето“ во септември решила да го искористи како што очигледно тоа најчесто го прави… Да ги спои убавото и корисното.

Кадравата убавица заминала на море во соседството, па од „златниот тепих“ еве ја Ведрана директно на жешкиот песок на јадранското крајбрежје и тоа – топлес.

Бившата ТВ водителка, разголена, само по гаќичките од нејзините бикини, уште еднаш блеска со сите свои раскошни телесни убавини. Дури и свртена со грб кон фото објективот расната убавица ви го одзема здивот.

Тетоважата на половината со англески крилја ионака е задскриена со миризливиот бренд што го рекламира, ама затоа она што под крилјата следи ги собира машките „влажни погледи“!

Како и останатите рекламни пози на кои екс водителката во улога на модел седната на карпата ги фокусира погледните на себе и евидентната возбуда под собраната и врзана, бела маичка.

Призор на убавина, во кој Ведрана со стил го истурила сиот свој сексапил… Затоа доскорешната ТВ водителка е постојано на цена, зашто Ведрана во секоја прилика е… божествена жена! (vistina.com.mk)