Таа била прогласена за една од најубавите жени на јавната сцена, а познатата актерка неодамна била видена во јавност по долга пауза, но фановите велат дека повеќе не личи на себе.

Бриџит Фонда се повлекла од актерството во 2002-ра година, а после долга пауза конечно е видена во јавност. Во средата била фотографирана во Лос Анџелес и реакциите се бурни, пишува „Дејли мејл“.

Бриџет го носела надимакот „холивудска сирена“, а последен пат некоја нејзина фотографија е видена во 2009-та година.

Се разбира, времето на сите нѝ поминува со иста брзина, па Бриџит денес има 58 години. Ништо чудно, би рекле многумина, но не и интернет корисниците кои се полни со отровни коментари откако се објавени нејзините нови фотографии.

„Изгледа проклето ужасно“, „Сигурни ли сте дека е навистина таа? Што ѝ се случи на онаа убавица?“, „Еве, веќе половина час седам и ги споредувам фотографиите и понатаму ми е неверојатно тоа да е таа“, „Навистина коментарите се грозни, но, можеби ова ќе ја натера да се доведе во ред“, „Па, барем гледаме со што се занимава сега во пензија – со грицки и слатки“, се само дел од коментарите.

📷

Инаку, Бриџит Фонда е позната по многу улоги во култни филмови како „Џеки Браун“ на Тарантино или „Кум 3“. Му се посветила на семејството и се повлекла од глумата. Во брак е со Дени Елфман, со кој го има синот Оливер (17).