Македонската репрезентација за пласман на СП во Катар, ќе мора да удри на незгодата Португалија, која е фаворит на хартија, но тоа ништо не мора да значи, барем кога е Македонија во прашање.
Пресметката против Португалија ќе биде посебно интересна за двајца фудбалери кои некогаш настапуваа заедно во Спортинг Лисабон, а сега ќе мора да ги вкрстат копјата за пласман на СП, тоа се Бруно Фернандеш од Јунајтед и Стефан Ристовски од Динамо Загреб.
Ако се навратиме назад, Бруно Фернандеш неколкупати позираше на социјалните мрежи со дрес на Македонија, па сигурно дека ќе има интересен разговор со капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, пред средбата која ќе го даде патникот на Мундијалот, пишува порталот спортклуб.мк.
Но доколку успееме и Португалија да ја елиминираме, Фернандеш, а не Роналдо, ќе биде играчот кој ќе добие најголем сеир од македонските навивачи.