Присуството на бугарски новинари во Скопје кои известуваат околу утрешниот натпревар Шкупи – Левски, придонесе тие со фотографии и снимки да им покажат на своите читатели и гледачи на каков терен ќе се игра мечот од квалификациите во Конференциската лига.

Нерамен терен и лоша состојба на тревата на Арената „Тодор Проески“ е нешто што не е „ексклузива“ само за гостувањето на Бугарите, туку подолго време, и нашите репрезентативци се жалеа во минатото.

„Ужасен терен го чека Левски“, „Тежок терен за Левски“ се дел од насловите во најчитаните бугарски спортски портали, и на Фејсбук страницата на Сините од Софија има снимки од теренот, за што има и многу негативни коментари од фанови од нашиот источен сосед.

На ваков терен и квалитетот на фудбалот не може да биде врвен, останува да се види утре од 21 часот кој ќе се снајде подобро на вакви услови.