





На овогодишното доделување на BRIT Awards, кое се одржа на 11 мај во Лондон, Дуа Липа ѝ оддаде почит на починатата Ејми Вајнхаус, со жолт фустан и подвезици, но и со фриузрата препознтлива за Ејми. Церемонијата, пак, беше прв музички настан на затворено после повеќе од една година, а присутните мораа да следат многу правила и мерки.
На црвениот тепих Дуа се појави со жолт, краток фустан, а комбинацијата ја дополнила со подвезици и високи потпетици на платформа.
Наводно, фустанот е инспириран од жолтиот фустан што го носеше Ејми на доделувањето на наградите во 2007 година. Исто така, и фризурата на Дуа беше инспирирана од препознатливата голема фризура на Ејми.
Иако фановите не се воодушевени од комбинацијата на пејачката и ја сметаат за модно промашување, голем дел од светски познатите медиуми ја прогласија за една од најдобро облечените ѕвезди на настанот.
Дуа Липа настапуваше на доделувањето, а беше номинирана во три категории и победи во две, вклучувајќи и најдобар женски соло артист.
Како што напоменавме, на доделувањето познатите музичари се вклучуваа во живо, а дел од нив беа присутни на самиот настан. Бројот на публиката беше ограничен на 4.500 луѓе, а 2.500 влезници им беа доделени на работници кои работеле во текот на целата пандемија. За споредба, обично на BRIT Awards има публика од околу 20.000 луѓе.