Пожар избувнал во хемиската фабрика „Меламин“, во словенечкиот град Кочевје, откако утринава околу 8.30 часот во неа се слушнала силна експлозија, информираат локални медиуми.

Служби за интервенција се на местото на несреќата, затворен е главниот пат низ Кочевје, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Медиуми пишуваат дека густ црн чад се крева над градот.

Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер.

Од Управата за заштита и спасување информираа за над 20 повредени, едно лице се здобило со тешки изгореници, пренесува словенечки „Дело“.