Адриана Лима повторно ги шокира гостите на црвениот килим во Кан, но и публиката ширум светот, откако се појави во скандалозно издание.

Бразилската манекенка веќе ја видовме во три различни изданија на црвениот килим и сите беа прилично предизвикувачки со оглед на тоа што повеќе откриваа, отколку што сокриваа. Па така, и на премиерата на филмот Елвис, Адриана продолжи со традицијата и се појави во ексцентрична тоалета во сенф боја со предолги ракави, но и прорези кои не само што го откриваа нејзиниот стомак, туку и дел од меѓуножјето.

Фустанот е соголен толку ниско што на сите им беше јасно дека манекенката не носи долна облека, а креацијата е украсена со кристали и други украси. Целото издание на Лима беше во ориентален стил, со украси во косата и долги обетки.

Иако на многумина не им се допаѓа трудничката мода на Адриана Лима, дури и многумина ја критикуваат, една работа сепак е сигурна. Таа предизвикува внимание каде и да се појави.

Нејзините изданија наликуваат на смелите изданија на Ријана и прилично се смели, со цел и желба да се прослави и истакне моќта на женското тело.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸