Убавата Лила Филиповска летото го користи максимално, па после краткиот одмор во Охрид, реши да ги спакува куферите и да замине во Грција.

Дека таа знае вистински да ужива говорат објавите кои таа ги споделува со обожавателите на социјалните мрежи, а од приложеното може да се види дека ги има во изобилство. И, веќе како по обичај кај Лила нема утка, кога се во прашање стајлинзите, таа буквално „гази“ и на грчките плажи.

Филиповска кај јужниот сосед не замина сама, во нејзино друштво е познатиот македонски бизнисмен Роберт Димитров, инаку сопственик на кабелската телевизија Телекабел.

📸

Во приказните кои таа ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм тие уживаат во заедничко друштво на глисер, па може да заклучиме дека задоволството е до максимум.

📸

📸