Секасипалната фитнес инструкторката и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова за пет-шест години преку својот Инстаграм профил собра „армија“ следбенички кои ги следат нејзините вежби и правила.

Армијата „Праскички“ како што ги нарекува нејзините следбенички па, не само што верно ја слкеди, туку постојкано и се зголемува, па така расната велешанка како нивна предводничка последниве години е приморана да прави избор од нај добрите кои ќе заслужат да и прават друштво и да летуваат со неа во таканаречените „Летни предизвици“ и тоа нанајегзотични светски дестинации. Така, откако ја завршија „Малдиви едицијата“, Ана и „Праскичките“ сега се подготвуваат за новата, на море во Шпанија.

Во меѓувреме „уморната“ инструкторка, што од патешествијата со нејзината арнмија, што од ноќните тулуми на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, реши да си даде себе си малку оддишка и да се паркира некаде во ладовина.

На Ана Охрид и се видел како најблизу и најпогодно место за полнење батерии, па расната инструкторка оттаму реш да сподели како го поминува својот „бикини престој“ во македонскиот езерски бисер.

Да бидеш во тој наш бисер, а да не се качиш на глисер, по најново, како и да не си бил. Затоа Ана реши да го истакне сиот сво телесен „бикини раскош“, па онака со полн „граден кош“ направи неколку рекламно – уметнички пози и тоа од птичја перспектива. Така „подновената“ предница изгледа многу побујна и понеодолива.

Секако, по сончевата фотосеанса, селфи проверката во огледалото е неизоставна варијанта. Подиспеченото тело, само малку дами можат да си дозволат, волку смело да го покажат. Особено во ваква бикини комбинација со танга од обете страни… И однапред и одзади!

Токму затоа и покрај сите летни предизвици што ги остварува, Ана Стојанова е сама по себе предизвик кога летува. Зашто кога расната фитнес инструкторка ќе се соблече, колку и да звучи банално, нема да одолеете да не ја изанализирате детално!

И тоа од раменици до петици, со посебен акцент на поедини локации од нејзината телесна убавина, на кои и да не сакаш, погледот сам застанува!