Овие две деца на фотографијата немаа идеја дека сантиметри ги делат од сигурна смрт.

Братче и сестричка играа заедно во близина на нивната куќа во Ескдејл, во североисточна Викторија, Австралија.

Нивната мајка ги фотографирала децата од позади, сакајќи да има сеќавање од прошетката.

По прошетката, мајката ја прегледала сликата и затреперила од од страв!

Имено, десно од нозете на нејзиниот син, била смртоносна источна кафеава змија.

Овој вид, кој може да предизвика срцев удар неколку минути по каснувањето, е одговорен за 41% од смртните случаи од каснување од змија во Австралија.

Тоа е втора најопасна змија во светот по тајпанот пронајден во источна Австралија.