Депилацијата на интимата за некои е составен дел од грижата за себе и убавината, за други кошмар!

Козметичарка со скоро 15 годишно искуство им напиша отворено писмо на жените кои доаѓаат во салоните за убавина и порача:

„Работам 14 години и нема нешто што не сум видела. Девојките и жените, ги молам да следат неколку едноставни совети кои ќе им олеснат и на нив и на нас”, изјави козметичарката Гвен Хачингс.

1. Скратете ги влакната пред да дојдете

Да, тие мора да бидат доволно долги за да може восокот да ги извлече, но ако се премногу долги, за нас е хаос, а за вас болка. Земете ножици и потскратете ги доколку се предолги.

2. Не водете љубов пред да дојдете кај нас

Едноставно – немојте. Подобро да не објаснувам зошто. Воздржете се најмалку два до три часа пред да се депилирате.

3. Сум видела сè

Баш сè. Што и да мислите дека имате таму долу, од што можеби се срамите, не е ништо ново за мене, немате причина да се грижите.

4. Разгибајте се малку

Нашата работа бара да стигнеме до тешко достапни места. Можеби ќе ве замолиме да ја кренете ногата во непријатна положба…

5. Да не се лажеме…

И вие имате влакна околу ана*ниот отвор, сите имаат. Во ред е ако не сакате да ги депилираме, но не и да тврдиме дека тие воопшто не постојат. Козметичарката е должна да ве праша дали сакате да ги издепилирате, доволно е да кажете да или не, не мора да се расправате со неа за тоа како таму сигурно нема ништо.

6. Почекајте една недела по менструацијата

Пред и за време на циклус, ќе бидете почувствителни на болка, поради што депилацијата со восок е многу понепријатно искуство.

7. Бањајте се и направете пилинг

Не мора да трошите пари на скапи средства, доволно е да направите домашен пилинг или добро да се истриете со крпа по капењето. Отстранувањето на влакна ќе биде многу полесно на свежа, мазна кожа.

8. Не се бричи “таму долу”

Тоа е, не се бричете, бидејќи влакната ќе растат повеќе, на восокот ќе му биде потешко да ги извлече, а болката ќе биде многу посилна.

9. Облечете нешто опуштено

Депилацијата ја трауматизира кожата, и ако отидете во салонот на почетокот на напорниот ден, знајте дека тесните фармерки или друга непријатна облека ќе создадат триење што нема да ви се допадне. Опуштена гардероба направена од природни материјали, која не затегнува, е совршена за одење на депилација.