Популарната пејачка Јелена Карлеуша минатиот месец го прослави својот 43 роденден, а со нејзиниот изглед плени каде и да се појави. Нејзината фотографија од детството што се појави на социјалните мрежи воодушеви многу следбеници.

Некогаш слатко девојче со кафеава коса, шишки и големи кафени очи, а денес згодна жена која со изгледот потсетува на барбика. Долга руса коса, долги нозе и витка половина е формулата со која што привлекува внимание каде и да се појави, како и елегантна и провокативна комбинација на облека, по која се познати сите епитети што одат со оваа русокоса барбика.

Таа ја започна својата кариера во 1995 година и со својот изглед и специфичен начин на облекување ги постави стандардите за многу колешки уште тогаш. Но, пејачката се издвои од другите и со својот остар јазик и јавно искажаните критики за кои не се плаши да ги упати кон никого.

Освен успешната кариера, Јелена денес ужива во хармоничен брак со фудбалерот Душко Тошиќ, со кого има две наследнички, Атина и Ника.