Елена Китиќ, ќерката на славната пејачка фолк двојка Марта Савиќ и Миле Китиќ е се’ поприсутна на социјалните мрежи, а со то и во медиумите кои се почесто ги полнат своите насловници со раскошната убавица и нејзините чудни и необични одлуки.

Така беше и овој пат, кога младата и атрактивна пејачка и ќерка на познатата двојка ја покажа најновата тетоважа.

Имено, Елена ја истетовирала главата или поточно ликот на нејзината мајка, пејачката Марта Савиќ на грбот, во пределот каде што плеќите се спојуваат со вратот, веднаш меѓу нејзините лопатки и тоа во многу необично издание.

Ликот на мајка и со круна на египетски фараон или кралица, налик на Клеопатра, а буквата „М“ е исто така насликана, односно вметната во круната како почетна буква од името на нејзината мајка.

При тоа Елена направи мини фото сесија, на која позираше топлес… Без градник, во црни кожни панталони, од кои исто така излегува една друга тетоважа со староегипетски симболи, кој Елена уште отпорано ја покажа.

Симболот исцртан на кожата веднаш над анусот на Елена се нарекува Анк. Тоа е египетски хиероглиф што означува „вечен живот“. Познат е уште и како „клуч на животот“ или „Коптски крст“.

Често се појавува на египетски гробници и предмети. Во модерното време, овој симбол се користи за означување на бесмртност.