Серијата „Преспав“ без сомнение ја освои македонската публика. Преку интересни и комични сцени ликовите прикажуваа одредена ситуација или случка.

Децата го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“, а возрасните заради многуте одлични театарски и филмски улоги. Но, дефинитивно улогата на Коста во „Преспав“ ќе му остави голем впечаток во неговата кариера.

Игор заедно со неговото семејство односно сопругата Ева и синовите Јаков и Андон живее во Скопје, поточно во селото Бардовци.

„Среќен сум што си имам свој простор и во театарот (си го најдов своето место во Драмскиот театар во Скопје и што ја работам работата што ја сакам) и во селото Бардовци, каде живеам во природа и мир со моето семејство, сопругата Ева и синовите Јаков и Андон. Тоа е нормално и природно. Она што го посакував како тинејџер сега го имам и го живеам. Нема филозофија. Едноставно ги правам работите што ги сакам. Отсекогаш сакав да обработувам земја, да имам бавча и лозје, да произведувам вино, ракија… да уживам во едноставните нешта, да бидам почесто надвор. Тоа е тоа. Можеби тоа дека актерот по автоматизам е боем е клише и јас сум надвор од тоа. Можеби тоа го правеа некои од постарата актерска генерација во државава и беа уникатни и успешни во тоа. Но, го тераа театарот и работеа и тоа што го сработеа во театарот и филмот остана како антологија. И затоа ги почитувам. Јас по природа не сум таков човек. Еве, во последниве пет години активно трчам полумаратони. Најдов убавина во тоа, затоа што ми помага и ме одмара. И од рекреативното трчање преминав на совладување полумаратони, не само кај нас, туку и во другите градови во регионов“ изјави Игор за точка.мк

Игор на социјалните мрежи има споделено неколу фотографии од своите синови, еве како изгледаат Јаков и Андон.

Деновиве Игор исто така објави фотографија од неговиот син Јаков Ангелов каде што свири на еден музички инструмент, а под објавата се нижеа само позитивни коментари.

Во продлжение погледнете уште неколку фотографии од децата на Игор.

📸

📸

📸

📸