Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош.
Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот.
Пожарот се случил утринава околу седум часот. Засега нема информации за причината за пожарот.
– На 23.10.2021 година во 06.20 часот во полиција на Округот Брчко на БиХ било пријавено дека на улицата Сараевска гори куќа. Итната медицинска помош на ЈЗУ Здравствен дом Брчко и Единицата за професионална противпожарна бригада на округот Брчко во БиХ беа известени и излегоа на местото на настанот и преземаа мерки и дејствија од нивна надлежност. Полициски службеници се на терен и вршат увид под надзор на дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ, а на местото на настанот излегол и противпожарен инспектор и се утврдуваат околностите под кои се случил настанот. Со досегашните активности е утврдено дека има жртви, изјави за „Аваз“ портпаролката на полицијата на Брчко, Џевида Хукичевиќ.