Досега зелената пропусница беше задолжителна само за во затворени јавни простории, како и во училишта и за патувања, а од денеска ова важи и за сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за оние кои работат од дома.

Предвидени се и казни од 500 до 1 500 евра, доколку вработените дојдат на работа без тој документ.

Од денеска, зелената пропусница е задолжителна на сите работни места во Италија, a казната за непоседување е и до 1 500 евра. Но, мерката се стравува дека може да има најголемо влијание врз работниците во транспортот и пристаништата, каде што стапката на вакцинација против ковид е релативно ниска.

Додека 46 милиони Италијанци постари од 12 години, што е повеќе од 85%, примиле барем една доза од вакцината, се проценува дека околу 2,5 милиони италијански работници се уште се невакцинирани, пренесува Би -би -си.

Досега зелената пропусница беше задолжителна само за во затворени јавни простории, како и во училишта и за патувања, а од денеска ова важи и за сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за оние кои работат од дома.

Во случај некој од вработените да не дојде на работа, бидејќи ја нема таквата пропусница, ќе се смета за неоправдано отсуство, а тој вработен ќе остане без плата, иако не е предвидена дисциплинска мерка и лицето не може да биде отпуштено.

Предвидени се и казни од 500 до 1 500 евра, доколку вработените дојдат на работа без тој документ.

Се очекува голем притисок врз аптеките и другите места каде што е можно тестирање за да се добие зелена пропусница, кои веќе започнаа да ги обезбедуваат потребните резерви на тестови.

За да добијат ваква пропусница, Италијанците мора да се вакцинираат со најмалку една доза од вакцината или да прележале ковид во последните шест месеци, а друг услов е да имаат негативен тест што ќе го прават на секои 48 часа.

Одлуката за задолжителната зелена пропусница е генерално популарна, бидејќи две третини од Италијанците сметаат дека е неопходна, според истражувањето на ИПСОС оваа недела.

Сепак, има и противници, па по немирите во Рим и Милано минатата сабота, во кои противниците на воведувањето на пропусници за ковид се судрија со припадниците на полицијата и кога беа уапсени 12 лица, а околу 30 беа повредени, беа најавени нови демонстрации за денеска.

Во пристаништето Трст, на север од Јадранот, каде што се вакцинирани само 40 проценти од 950 работници, постои закана од штрајк и прекин во снабдувањето, објавија камионџиите, а има и предупредувања за прекини во јавниот превоз во индустрискиот центар на Милано.

Работниците на пристаништето во Трст понудија да го откажат штрајкот доколку властите ја одложат задолжителната примена на пропусницата до крајот на октомври, но Владата одби.

📷

📷

📷

📷

📷