Поранешниот државен секретар на српското Министерство за внатрешни работи (МВР) Дијана Хркаловиќ попладнево е уапсена, а нејзиниот стан се претресува, објавија српските медиуми.

Таа беше приведена под сомнение за отстранување докази по убиството на Властимир Милошевиќ на улицата „Кралица Марија“.

Хркаловиќ се испрашува.

За Хркаловиќ, српските медиуми веќе пишуваа дека „приватизирала“ дел од полицијата во служба на кланот Вељко Беливук (35), попознат како Вељa Невоља.

Како што покажа истрагата на Хркаловиќ, во времето кога била на висока позиција во Министерството за внатрешни работи, формирала Специјална полициска работна група, задолжена само за следење на навивачите и наркодилерите кои биле во конфликт со кланот Беливук.

Сите доверливи информации на оваа работна група му биле предавани на Беливук кој ги искористил за да се ослободи од конкуренцијата.