Здравко Чолиќ и неговата сопруга Александра имаат две ќерки – Уна и Лара, кои се многу активни на социјалните мрежи.
Познато е дека Уна многу патува на луксузни дестинации, а носи и брендирана гардероба, а сега и помладата Лара тргна по стапките на својата сестра.
Таа се заканува да стане вистинска модна трендсетерка. Нејзината најнова модна комбинација привлече големо внимание на Инстаграм.
Имено, со елегантен црн фустан на едното рамо, Лара облекла скапи чизми од модната куќа „Живанши“ наречени „чизми од ајкула“, кои чинат 2.300 евра.
Патем, овој модел беше многу популарен пред речиси 10 години, но подеднакво е актуелен и денес.