



Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али, во март раскина со манекенката Руби Мае.
Медиумите објавија дека причината е тоа што на манекенката и пречело што Деле Али постојано игра видео игри.
Но, не помина долго, англиските медиуми тврдат дека тој има нова девојка.
Оваа 20-годишна девојка, Марија е ќерка на Пеп Гвардиола. Наводно се запознале со Деле Али минатиот месец, а медиумите ги виделе во бар во Лондон.


Иако биле со неколку пријатели, сепак не се криеле дека има нешто меѓу нив.