Драматичната сцена со Кристијан Ериксен предизвика паника и страв кај многумина, а особено кај холандскиот репрезентативец Дени Блинд, кој има срцеви проблеми.

Блинд имаше проблеми со срцето пред неколку години, имаше инсталирано дефибрилатор, па беше во голем страв по настаните со Ериксен.

После случката со Ериксен, кога беше заменет со солзи во очите го напушти теренот, а после мечот порача.

„Се што се случи имаше силно влијание врз мене. Освен фактот што го познавам Кристијан, ситуацијата е страшна за него. Секако дека искусив нешто слично, но затоа морав да ја надминам менталната пречка за да играм”.

„Лошо спиев и размислував да не играм. Имав проблем со тоа, но горд сум што можев да играм. На крајот, дојдоа емоциите. Мислев дека нема ни да играм”, истакна Блинд.