Вистинска драма се случуваше во Копенхаген на мечот меѓу Данска и Финска, кога Кристијан Ериксен имаше срцев удар и падна на теренот, по што мораа да реагираат медицинските екипи за да го вратат во живот.

Ериксен успеа да ја добие најважната битка за неговиот живот, а докторот Јанс Клајнфелд откри кои биле првите зборови на фудбалерот на Интер.

„Ги отвори очите по еден шок од дефибрилаторот. Му требаа околу 30 секунди за да се освести, а јас веднаш можев да разговарам со него. Го прашав дали е тука со нас. Тоа беше емотивен момент, а тој ми кажа ‘Проклетство, имам само 29 години’ и тогаш знаев дека мозокот не е оштетен“, открива докторот.