Популарниот пејач Ѓоко Јовиќ, фронтменот на групата „Енерџи бенд“ од пред неколку дена се поднови со „ѕвер“ на четири тркала.

Станува збор за возило од марката „Mercedes-Benz GLE350d Coupe 4Matic“, чија вредност на пазарот во моментот се движи од 55.000 евра до 70.000 евра, во зависност од опремата и годината на производство.

Пејачот сподели неколку фотографии од неговиот нов миленик на социјалните мрежи, а неговите пријатели му честитаа за неговиот избор.

Инаку Ѓоко е еден од најбараните и најплатени македонски пејачи, особено е популарен во дијаспората каде и често настапува со својот бенд.