Интересно беше во Битола на ракометното мега – дерби на кое Е. Пелистер и Вардар одиграа без победник, 27:27. Интересно беше и на трибините во салата во Битола каде во самиот финиш на првиот дел, беа пуштени и гостинските фанови, „Комитите“.

Гостите од Скопје во неколку наврати истакнаа трансперанти со што ги “боцнаа“ домашните.

На едниот пишуваше:

„Слика која не се гледа често, Вардар ги собра Битолчани на едно место“!

Додека во вториот се спомнаа и сестрите на битолчани, по традиција…

„Смислете нешто оригинално што ќе не допре. И приберете ги сестрите, ви ги помина цело Скопје“!.