Српските царински службеници во соработка со полицијата на 13 декември на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ спречија обид на патник да влезе во државата со гардероба што претходно ја натопил во кокаин.

Сомнежот што го изразија цариниците го потврдија и наодите на полициската вештачење, бидејќи е утврдено дека примерокот земен од гардеробата и куферот е позитивен на кокаин.

Овој необичен обид за шверц на дрога бил откриен кога на 13 декември од Еквадор, преку Амстердам, во Белград пристигнал 51-годишен македонски државјанин од албанска националност.

По подигањето на багажот, патникот се упатил кон зелениот контролен премин наменет за патници кои немаат што да пријават, но тоа не значи дека на овој премин нема контрола.

Имено, багажот на споменатиот патник бил издвоен за контрола на скенер кој се наоѓал токму во зелениот контролен премин, а кога на апаратот била забележана необична боја на облека спакувана во куфер, царинските службеници решиле да извршат детален преглед.

Штом патникот го отворил куферот, се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во багажот била влажна и потешка од очекуваното. Во исто време, во куферот немало ништо друго освен облека, чевли, средства за лична хигиена, иако патникот рекол дека дошол од Еквадор, каде што бил кај пријател 13 дена.

На прашањето на цариниците зошто работите се влажни, патникот изјавил дека земјата од каде доаѓа има висока влажност, па исперените работи не успеале да се исушат.

Поради сомнение дека гардеробата е натопена со некоја психоактивна супстанца, царинските службеници извршиле прелиминарен тест за присуство на наркотици, кој испаднал позитивен, па за случајот веднаш била известена полицијата. По консултации со Обвинителството, наредено е багажот да биде привремено задржан и испратен на вештачење, што е и направено.

Наодите на Националниот центар за криминалистичка форензика на МВР потврдија дека земените мостри се позитивни на кокаин, што значи дека се работи за кривично дело поради што против патникот ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка.

📸

📸

📸

📸