Кумановската поп-ѕвезда Мартинијан Кириловски, инаку апсолутен победник на „Ѕвездите на Гранд“, но и на нашиот „Макфест“, кого најчесто го споредуваат со Енрике Инглесијас, најпосле се разоткри во својата приватност.

Иако долго ја криеше девојката, сепак срцето не издржа, па популарниот Мартинијан најпосле ни ја покажа својата убавица со колаж од неколку нивни фотографии. Таа е Анастасија, на која Кириловски ѝ го честита роденденот.

– Твојот роденден е специјален ден во мојот живот како што си ти специјална за мене. Среќен роденден, љубов моја – напиша скоро срцепарателно вљубениот пејач. И тоа на англиски јазик. Веројатно, сите уште подобро да го разбереме, ширум планетата.

На тој начин, освен што има успеси на естрадата, сега на Кириловски му тргнало и во љубовта. И само така нека трае и трае, и да потрае. Има и причина.

Откако го смени имиџот, кумановецот стана голем фраер, па девојките побудалуваат по него. Претпоставуваме дека не ѝ е лесно на Анастасија, но и на самиот Мартинијан со толку многу обожавателки.