Сигурно досега сте ја слушнале фразата „светот останува на младите“? Па, судејќи според фотографијата што кружи на социјалните мрежи деновиве, се прашуваме дали можеби е време да се грижиме?, коментираат српските медиуми објавувајќи фотографија од една матурантка.
Да, матурата е врв во животот на еден млад човек и секој сака, особено девојчињата, да привлечат внимание со најразновиден избор на облека, но овие наши матурантки покажаа дека имаат специфична идеја за модерно и свечено.
Или пак можеби нивната идеја не е специфична, туку е едноставно нормална затоа што јасно рефлектира сè што виделе на телевизија во текот на нивниот живот.
Девојките сметаат дека изгледот на пејачите кои важат за поп-фолк диви е пример за привлечна и посакувана девојка, а на нивните родители кои слушале турбо-фолк во деведесеттите години, очигледно не им пречи изгледот на нивните ќерки.
Или пак можеби за вкусовите едноставно не треба да се дискутира?
Но, на социјалните мрежи за дискутира за се, па затоа само се средеа коментарите на оваа фотографија. И секако, само за изгледот на девојчињата, а момчињата останаа незабележани.
Во дел од коментарите се вели:
„Фустанот која го носи девојката од лево е олицетворение на сè скапано во нашето општество. Фустанот на девојката од десната страна е прекрасен и би бил совршен ако процепот би бил затворен пет сантиметри пониско“. „Оваа во црвениот фустан изгледа заборавила да облече гаќички“. „На оваа во црвеново сигурно плаче нејзината мајка, изгледа како салама во мрежа“.
А имаше и такви кои не видоа ништо лошо во оваа модна комбинација.
„Сите сте големи моралисти, оставете ги децата да носат и да прават што сакаат, тие се млади и убави, нека уживаат“. „А како треба да изгледаат? Дали можеби треба да носат фустан од некоја тетка или можеби фармерки да ја задоволат оваа морална елита“.
А како вас ви изгледа сето ова? Да речеме, ако ова беше вашата ќерка, дали би било во ред да оди со некој од овие фустани на матура?