Лионел Меси е нов фудбалер на ПСЖ, потврди клубот со видео-спотот објавен на социјалните мрежи.

Видеозаписот делува како загатка со неколку асоцијации како шесте Златни топки, аргентинското знаме, раката на Меси како го потпишува договорот, што може да се заклучи дека наскоро ќе биде и неговата промоција.

Договорот е на две години, со опција истиот да се продолжи на уште една дополнителна. Меси ќе инкариса 35 милиони евра како бонус при самиот потпис, а толку ќе изнесува и неговата сезонска плата, настрана бонусите за настапи и учинок на мегаѕвездата.

-Ова е Париз, пишува на маицата која ја носи Меси.

Во Париз веќе се е подготвено за лудиот пречек, Ајфеловата кула е резервирана за магионичарот од Розарио.

Со тоа ПСЖ ќе склопи вистински дрим-тим, па ќе може фуриозно да нападне на сите трофеи во новата сезона.

Според Метро, ​​Аргентинецот ќе го носи бројот 30 во ПСЖ. Л’Екип наведува дека Меси и ПСЖ постигнале договор и дека напаѓачот ќе потпише двегодишен договор со опција за уште една.

Во дресот на Париз, Меси треба да заработува неверојатни 769.000 евра неделно.