Пејачката Милица Павловиќ во еден момент го прекина својот последен концерт во Мионица, со добра причина.
Имено, за време на настапот се случил помал инцидент, кога момче од публиката фрлило пластично шише полно со вода кое погодило едно дете кое било во првиот ред.
Милица Павловиќ во истиот момент реагирала и престанала да пее, па му се обратила на споменатото момче пред целата публика.
„Тоа што го направи е демек ИН и ти сега си главна фаца, за која сите ќе зборуваат? Ти си неважен момче, смешен си“ – го прозва пејачката насилникот, па му се обрати на детето кое шишето го погодило: „Добро си?“, па откако доби потврден одговор, Милица продолжи да пее.
„Благодарам Мионица! Бевте волшебни! На еден тинејџер кој со цела сила фрли шише полно со вода кон детето од првиот ред (гордо кревајќи ја раката кога го прекинав концертот за да му кажам неколку работи), можам само да му порачам дека сакам од дното на моето срце да се научи на добро однесување, манири и да биде (се надевам) еден ден џентлмен, а не дивјак“ – сподели ден потоа пејачката на својот Инстаграм.