Мирка Васиљевиќ пред неколку дена се појави на конференција по повод Фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања.
Актерката дојде сама, а освен исончаните нозе, сите гледаа во нејзиниот скап аутфит.
Партнерката на Вујадин Савиќ во таа прилика облекла портокалов твид сет од бренд на улична мода вреден 80 евра, кој го искомбинирала со чанта „Ермес Биркин“ од 18.000 евра, папучи од 710 евра и ремен од истиот бренд од 675 евра.
Мирка е позната и како голем љубител на скапиот накит, па овој пат на рацете имаше две нараквици од брендот „Cartier“ – класичен „love“ модел од жолто злато вреден 7.950 евра и модел „juste un clou“ во вредност од 8.650 евра. Со нив земала ланче од 4.150 евра и прстени од 3.000 евра.
Часовникот во комбинација од челик и жолто злато е од марката Rolex и чини околу 15.000 евра.
Кога се ќе се собере, Мирка за овој стајлинг издвоила неверојатни 58.000 евра.
Мирка сигурно на многумина им го одзема здивот со својот изглед, некои поради исончаните нозе и витката фигура, а други поради тоа што го носеше.