Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ Филип Пецовски вчера се сврши со својата долгогодишна девојка.

Имено, пејачот долго време ја подготвувал романтичната свршувачка и размислувал за секој детал, додека неговата девојка не можела ни да погоди дека Филип ќе ја запроси токму тој ден.

Свршувачката се случила за време на заедничко патување во хотелска соба, каде пејачот подготвил украси, балони, прстен, рози и шампањ.

Избраничката на Филип кажа „Да“, а младиот пар веднаш сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, а потоа следеа честитики од семејството, пријателите и колегите.

Пејачот уште од првото појавување во „Ѕвезда Гранд“ важеше за голем заводник, а во интервју за Гранд изјави дека не сака да го покажува својот љубовен живот во јавноста.

– Љубовниот живот го чувам во тајност, моментално сум посветен на мојата музичка кариера. Ќе дојде време да одговорам на ова прашање – изјави во една прилика младиот пејач за Гранд и откри каква девојка бара.

– Искрен сум и свој, сакам личност која ќе ме сака и цени таков каков што сум.