При несреќа на градилиште на северот на Италија, македонски работник го загуби животот. Станува збор за Назиф Ајдаровски, а обивнителството во Тревизо го истражува случајот, пренесуваат италијанските медиуми.

Обвинителката Даниела Брунети нареди да се изврши обдукција на телото на 48-годишниот македонски работник за да се открие причината. Во меѓувреме одговорните лица се на распит во полиција и отворена е истрага за уб иство без умисла.

– Во болка ја остава сопругата Рукије Ајдароска и неговите три деца на возраст од 19, 17 и 10 години. 48-годишникот секогаш работел во градежниот сектор, објавуваат италијанските медиуми.

Обдукцијата има за цел да даде одреден одговор за она што се случи во средата наутро.

Според првичната реконструкција, метален панел од висина од два метри се срушил врз работникот, при што 48 годишниот Ајдаровски се удрил со главата во контејнер и починал на лице место.