Поп-пејачката Нина Јанева од неодамна објави фотографии дека е прилично ослабена. Во интервју за порталот Репортер, Нина открива дека од март до сега намалила 25 килограми и дека се чувствува одлично.

Не било лесно да се реши, но сепак, кога конечно се нафатила за ова, вели дека сега не планира да застане додека не ја доведе во ред тежината и не ја добие посакуваната фигура.

-Мислам дека веќе беше крајно време да го променам сето она што не ми се допаѓаше кај мене. Вишокот килограми, корекција на веѓите, промена на исхраната се само дел од нештата кои пред се донесоа свежина во еден негативен и тензичен период кој сите го поминавме затворени дома. Процесот започна со самиот почеток на снимањето на „Опуштено“ кога Александра Јорева Михајловски ме поврза со Елеонора Ефтимова и започна мојата љубов со Реина и Гуам, го започнува мубетот Нина.

Колку килограми изгуби и колку конфекциски броја намали?

Од 13 март до 9 мај имав изгубено околу 17 килограми, на следните контроли обемот продолжи да се намалува драстично, телото се дренира со масажи и детокс пакувања кои траат и до час и половина.

До сега се околу 25 килограми изгубени и два конфекциски броеви. Си поставив и цел уште на почетокот. Всушност целта ја поставивме со Нора и тоа е, ќе одиме до крај, или што би рекле до дно.

Додека не видам дека ми се допаѓа тоа што го гледам, не престануваме. Процесот не е за една ноќ или 6 месеци и затоа е здрав. Следна цел е да најдам добар тренер и да продолжам и покрај третманите и со активно вежбање бидејќи беше потребен период без физичка активност за да се дозволи топење на масните наслаги без дополнително зацврстување со вежбање.