Бресквица во последните неколку недели привлече големо внимание со песната „Орлово гнездо“ со која се натпреварува на „Песна на Евровизија“, каде се пласираше во финалето.
Пејачката Анѓела Игњатовиќ (22), попозната како Бресквица, привлече големо внимание во јавноста, освен со музиката, и поради врската со раперот Војаж, а потоа следуваше и раскинувањето.
Имено, нивното раскинување ги разочара нивните многубројни обожаватели, а набргу потоа Бресквица си најде нова љубов.
Досега се објавени само неколку фотографии од пејачката со новиот партнер, но сега е познато како изгледа и живее младиот човек кој го освои нејзиното срце.
Никола Станисављевиќ е осум години постар од Анѓела и работи во полиција, а очигледно е дека посветува многу внимание на обликувањето на мускулите поради кои девојките полудуваат.