Клер Мек (19), која живее во Чикаго, отишла на лекар поради постојана кашлица, која не престануvала.

Покрај тоа, девојчето имало проблеми и со болка во градите, а лекарите кај кои била претходно не можеле да го решат нејзиниот здравствен проблем.

Клер првично отишла да прими вакцина против тетанус и ја проверила кашлицата, по што открила нешто крајно необично.

Причината за нејзината кашлица всушност била декстрокардија – состојба која е доста ретка, односно станува збор обратна поставеност на срцето на десната страна во градниот кош, наместо на левата.

Кога докторот и објаснил дека станува збор за декстрокардија, Клер рече дека започнала да се смее:

– Бев толку збунета и почнав да се смеам, бидејќи навистина не верував. Неколку пати го прашав дали сте сериозни, рече Клер.

Она што и се случило го опишала на нејзиниот ТикТок и добила многу коментари.

– Веќе два месеци кашлам константно, преплашен сум, бил еден коментар.