Кошаркарската лига на Србија (КЛС) го отстрани Филип Ѓуран од списокот на лиценцирани играчи врз основа на допис од Антидопинг агенцијата на Србија (АДАС). Ѓуран е суспендиран затоа што е откриено дека користел кокаин!

Како што објави Меридианспорт, АДАС донесе одлука за привремена суспензија на Ѓуран, бидејќи по извршената контрола на 27 февруари, утврдено е присуство на „забранета супстанција или нејзини метаболити или маркери во примерокот од телото на спортистот“. Поточно, станува збор за кокаин.

Ѓуран играше за ФМП и ОКК Београд, а по една епизода во странство се врати во Србија и играше за Златибор. Актуелната сезона ја започна во тимот на Металац, за кој досега има одиграно 26 натпревари.

Ѓуран е привремено суспендиран и не може да учествува во никакво својство во ниту еден спорт додека не се донесе конечна одлука.