Голем шок го погоди алжирскиот фудбал, каде од здобиените повреди на теренот почина 17-годишниот фудбалер Васим Џазар.

Овој млад офанзивец настапуваше за младиот тим на својот клуб Вади Ел Маа, кога при една офанзивна акција доби удар во главата.

Ненамерен удар од дефанзивец

Дефанзивецот се обиде да ја расчисти топката пред Џезар, но несреќниот фудбалер не можеше да го избегне ударот на противникот во сопствената глава.

Дополнителна штета нанел и падот, по што младиот фудбалер со главата удрил во земја, бидејќи од првиот удар изгубил свест.

Бидејќи на теренот немало медицински услуги, Џезар бил испратен во болница со автомобил.

Таму се бореле за неговиот живот, но безуспешно, а Мундо Депортиво дури доби информација дека младиот фудбалер починал веќе на теренот.

Што точно се случило можете да видите на видеото, но ве предупредуваме дека се работи за вознемирувачка содржина.