Страшни детали за несреќната Македонка која стана најчитана вест во германските медиуми.
Во Есен, Германија, е погребана Ванеса П. од Кавадарци. Несреќната жена, мајка на седум деца, минатиот четврток пред очите на осумгодишниот син беше свирепо убиена од нејзиниот сопруг.
Ванеса била избодена со нож и оставена до смрт да искрвави. По нејзиниот сопруг, 47-годишен маж, по потекло од Скопје, прво беше распишана потерница, но потоа без пружање отпор се предал на полицијата и се наоѓа во притвор.
За трагедијата раскажува братот на Ванеса, Бесим Алија.
„Пред девет години сестра ми со семејството се пресели во Германија, во потрага по подобар живот. Но, бракот ѝ беше пекол. Тој беше премногу љубоморен, постојано ја контролираше, не ја пушташе да оди ниту во маркет. Само за да нема проблеми со него, таа ме блокираше мене и сите роднини на телефон, но на крај сепак заврши на еден таков свиреп начин, усмртена пред очите на синот“, раскажува братот за „Фокус“.
„Седум деца останаа без мајка, без родителска грижа. Сите се заедно, полнолетните се грижат за помалите, не знаеме како ќе биде, потребна им е поддршка и конкртена помош. Ова е огромна траума за нив“, вели тој.
Хуманите граѓани можат да донираат на сметката на најстариот син на Ванеса, кој е полнолетен, во Шпаркасе Банка, на име Кенеди Пајазити, DE80 3605 0105 0002 6665 35.