Познатиот српски пејач Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68 години. Оваа информација за српските медиуми ја потврдил и неговиот син Никола Роквиќ кој бил скршен од болка.
Деновиве се пишуваше за здраствената состојба на пејачот и дека неговата состојба е доста критична. Наводно, неговиот организам бил нападнат од бактерија, но за жал докторите не можеле да се изборат за неговиот живот.
Долго чуваната семејна тајна на Маринко Роквиќ пред неколку години конечно беше обелоденета во медиумите.
Пред да ја запознае сегашната сопруга Славица која од Загреб се пресели во Белград и со која ги има синовите Никола и Марко, популарниот пејач имал кратка љубовна авантура од која го добил најстариот син Дарио. Долго не го признаваше, но откако утврди дека детето е негово, се предомисли.
Неговиот вонбрачен син никогаш не се експонирал во јавноста, а тоа што е познато е дека живее во Канада.
Никола неодамна на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија со Марко и со Дарио.
„Тројца браќа“, напиша тој и со оваа објава потврди дека тој и Марко се во одлични односи со нивниот полубрат.
Маринко Роквиќ во една прилика раскажа за аферата за која со години одбиваше да зборува.
„Се случи како што се случи. Тој се роди од некоја, да ја наречам средба. Тоа не беше врска, ниту забавување, па едноставно не бев сигурен дали детето е мое. Затоа и кажав, да ми бил тогаш паметот на место, веднаш ќе барав да проверам. Но, знаете како, малдост, лудост.. Во тоа време јас не бев оженет“, раскажа Маринко.