Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург.

-Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, велат од амбасадата.

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, Германија. Според градските власти повредени се околу 200 лица. Лицето кое влета со автомобил на саемот во толпа луѓе е приведено. Гувернерот на покраината истакна дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија, и живее во Германија од 2006 -тата година.

„Го фативме сторителот. Тој е лекар од Саудиска Арабија, кој работи овде во Саксонија-Анхалт и е во Германија од 2006 година. Во моментов сме во процес на собирање на сите дополнителни податоци и исто така го спроведуваме сослушувањето. работите стојат во моментов, тоа е осамен сторител, така што во моментов нема понатамошна опасност за градот бидејќи успеавме да го уапсиме и сега се водат сите истраги“- изјави Рајнер Хаселоф, гувернер на Саксонија-Анхалт.

Сведок на немилиот настан бил и политичарот од екстремно десничарската партија Алтернатива на Германија. Во шок, истакна дека никој не помислил дека токму таму ке се случи ваков немил настан.

„Шокиран сум. Навистина морам да кажам, не мислев дека тоа ќе ни се случи во Магдебург, морам да кажам дека всушност бев толку наивен. Не сфатив дека нивото на закана беше очигледно толку високо. Сега Јас сум исто така на мислење дека ова треба да го оцените политички и дека треба да ја проверите фактичката состојба овде тоа беше незамисливо дека ова ќе се случи овде во Магдебург“. – истакна Тобијас Рауш, сведок и политичар од Алтернатива за Германија .

Жителите оддаваат почит на загинатите оставајки цвекиња и палејки свеки на местото на нападот. Германскиот канцелар Олаф Шолц и други политичари исто така го посетија местото на нападот.

Германската фудбалска лига побара од клубовите да одржат едноминутно молчење пред почетокот на натпреварите во знак на почит кон жртвите.

Последен ваков инцидент во Германија се случи во Берлин во 2016 година, кога радикален исламист влета во толпа луѓе со камион, пришто усмрти 13 луѓе, а повреди 67