Што им недостасува најмногу на гастарбајтерите во странство? Секако има многу на списокот, покрај нивните најблиски. На некои им недостасуваат местата каде што излегувале, на некои пријателите, но има и такви на кои имнедостига и храна.

Приказните за криумчарење на домашни специјалитети преку граница не се невообичаени, но тие обично се одвиваат во багажниците на автобусите и автомобилите.

Но, на аеродром тоа изгледа баш вака:

– Во Германија има сè освен пиперки и кори за пити, вели еден од сопатниците кои присуствувале на местото каде оваа патничка го проверува својот багаж. И во него е само најпотребно – еден куп пиперки и кора.

– Можеби пиперките се полнети, па се исплати, на шега забележува еден корисник на Твитер, додека има и поостри кои велат дека „треба да и биде одземен пасошот заради ова“.