Пејачката Бојана Стаменов која се бореше со вишокот на килограми, го промени животот од корен и за краток период успеа да ослабе 45 килограми.

Бојана важи за пејачка со најдобри вокални способности. Откако се појави на сцената, таа се бори со вишокот на килограми.

Пејачката неколку пати истакна дека е хедонист, ужива во храната и дека не сака да држи диета.

Бојана на својот „Инстаграм“ објави фотографии на кои се гледа нејзината трансформација. Пејачката истакна дека се откажала од слатките работи и пецива, а вклучила секојдневни прошетки.

-Секако дека исфрлив леб и слатки, и почнав да шетам, но има и уште многу други работи, вели таа.

📷