Веста за смртта на Робертино Илиевски, синот на пејачката Сузи Анѓелковиќ го потресе регионот.

Младиот Робертино Илиевски (24), кој е роден во Македонија удрил со автомобилот во дрво покрај улицата во Власотинце, а починал во Клиничкиот центар во Ниш.

Неговата објава на социјалните мрежи односно на „Фејсбук“ ги растажи фановите.

Имено, негова последна објава на „Фејсбук“ е песната „Кралица тротоара“ од Миле Китиќ.

Синот на пејачката бил реанимиран 45 минути, но не успеале да го спасат.