Во родната Турција беше популарен, но, кога во 1998 година го објави најголемиот хит „Kiss Kiss“ турскиот зеленоок заводник буквално ги освои срцата на припадничките на понежниот пол низ целиот свет.

Песната стана голем хит и има над 80 милиони прегледи на YouTube. За него многу пати можеше да се слушне како низ странските медиуми го споредуваат со Елвис Присли.

Тој беше можеби и единствениот турски пејачи кој успеа да се искачи на светските топ-листи пеејќи на свој мајчин јазик. Во 2016 година турскиот заводник се ожени со 13 години помладата обожавателка Пинар Дилек и ја добија ќерката Лиа. Дилек е Турчинка која живеела во Германија, а пред да стапат во брак биле во врска пет години.

Таркан и денес е истиот оној темнокос привлечен маж, но посветен татко и сопруг, а на социјалните мрежи можеме да забележиме и неколку семејни фотографии.

Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение: