Сопругот на српската пејачка Александра Тадиќ – Ципка, Небојша Стојишевиќ, денеска ненадејно почина поради срцев удар.

Пејачката, која се прослави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, беше во брак со него повеќе од една деценија и тој со години вложуваше во нејзината кариера.

Небојша во својот крај, во Шабац, бил познат како богат стопанственик и сопственик на фирма за увоз, продажба и ремонт на потрошена и нова опрема и машини за пекари.

Водел бизнис и во Србија и во соседните земји како Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Романија, Унгарија и Италија.

„Убаво е во брачниот живот. Се сакаме и се почитуваме. Заедно сме долги години и сега сето тоа го крунисавме со брак. Засега сè е во ред“, изјави Ципка пред извесно време за „Гранд“